Не може без него

Волкан Демирел си има омилена мета во македонските играчи - Голманот се закачи со Јаховиќ (Фото)

Волкан Демирел повторно беше немирен и пак влета во расправија со македонски фудбалер, овојпат по бурното турско дерби меѓу Фенербахче и Гезтепе. Се закачи со Адис Јаховиќ, но кавгата сепак не прерасна во нешто поголемо

објавено: 20 јануари 2018 - 20:08

Волкан Демирел повторно беше немирен и пак влета во расправија со македонски фудбалер, овојпат по бурното турско дерби меѓу Фенербахче и Гезтепе. Се закачи со Адис Јаховиќ, но кавгата сепак не прерасна во нешто поголемо.

Демирел и Мартин Шкртел беа во главна улога, но Јаховиќ не се уплаши и не се повлече, па настана голема мешаница. Мечот беше одличен и го реши Солдадо со гол во 93. минута, а Фенербахче во Истанбул славеше со 2:1. Јаховиќ беше асистент за голот на Гезтепе, со кој гостите од Измир израмнија на 1:1, но потклекнаа во самиот финиш и загубија.

Волкан Демирел го паметиме и по инцидентот на пријателскиот меч во Скопје, кога Македонија ја победи Турција. Голманот на Турците и на Фенербахче се закачи тогаш со обезбедувањето, но и во Скопје немаше поголем инцидент и ситуацијата се смири.

Најново во Фудбал