Капитенот посакува нов гол во мрежата на буфон

Пандев: Подготвен сум за Јувентус

„Имав мала повреда, но, сега се е во најдобар ред и подготвен сум за Јувентус" изјави капитенот

објавено: 20 април 2017 - 20:09

Горан Пандев минатиот викенд го постигна првиот гол сезонава во Серија А и тоа против Лацио. Капитенот на македонската репрезентација подготвен е да влезе во гол серија во Калчото, бидејќи следен на неговото мени е Јувентус. Гоче има голем мерак на Буфон, и во својата кариера стандардно ја тресе мрежата на чуварот на мрежата на Старата дама, но, и на Италија.

По пауза од неколку денови поради повреда на задната ложа, но, се врати на тренинзите и ќе биде фит за неделниот меч.

„Имав мала повреда на задната ложа, но, сега се е во најдобар ред и подготвен сум за мечот со Јувентус. Знаеме дека Старата дама е во голема еуфориуја откако ја елиминираа Барселона и ние тоа ќе се обидеме да го искористиме" изјави Гоче.

Мечот меѓу овие две екипи се игра в недела со почеток од 20:45 часот.

Јувентус суверено владее со Калчото и во оваа сезона, додека во Лигата на шампионите се пласираше во полуфиналето. Но, Џенова го има „лекот" за овој тим. Во првиот меч сезонава, тимот од Џенова на домашен терен му го нанесе и најубедлиот пораз на Јуве од 3:1. На „Луиџи Ферарис" стадионот, домаќините имаа предност од 3:0 по само половина час игра.

Најново во Фудбал