НАШИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ОДИГРА САМО 45 МИНУТИ

За Барди само второто полувреме, бод за Леванте

Тимот на нашиот интернационалец се спаси од пораз, бидејќи губеше со 0:1

објавено: 21 октомври 2017 - 15:12

Енис Барди го одигра второто полувреме во дресот на Леванте, кој на свој терен одигра нерешено 1:1 во дуелот со Хетафе, во 9 коло од шпанската Примера. Барди е прв стрелец на Леванте сезонава, но на овој дуел не доби шанса од стартниот тим. 

Откако на полувремето немаше погодоци, Барди влезе на почетокот на вториот дел. Леванте губеше со 0:1 по голот на гостите во 59 минута, но само три минути подоцна Моралес израмни. До крајот на средбата домаќините не успеаа да направат целосен пресврт. 

По девет меча, за Леванте ова беше пето реми. Тимот има и две победи и два пораз, што е доволно за 11 бода во досегашниот дел од првенството.  

Најново во Фудбал