Утре ќе се знае дали Црвена звезда ќе добие нов стратег

Заминувањето на „гроф“ значи шанса за Бабунски

„Утре ќе разговараме со луѓето од раководството и ќе видиме што ќе биде“ истакна Божовиќ кој во потполност го отпиша нашиот млад капитен од првиот тим

објавено: 14 декември 2016 - 20:28

Веќе неколку денови во соседна Србија се пишува дека тренерот на Црвена звезда, Миодраг Божовиќ ќе си замине од овој тим до крајот на оваа година. Полусезоната во Србија заврши денеска, а актуелниот првак славеше на гостувањето кај Радник со 2:1. Популарниот „гроф" по завршувањето на средбата истакна дека неговата иднина во клубот ќе се знае утре.

„Не знам што да кажам. Утре имаме резговор со раководството и потоа ќе се знае што и како" истакна Божовиќ.

Како што е познато во тимот на Црвена звезда настапуваат и Давид Бабунски, односно Даниел Аврамовски, но вториот Македонец се наоѓа на излезни врати. Бабунски, пак, во неколку наврати се спомнуваше исто така дека ќе си замине, но, тој е цврст во својот став да се избори за првотимски статус. Јасно е дека Божовиќ му даваше мала шанса, па можеби токму промената на тренерот највеќе ќе му годи на Бабунски.

Нашиот капитен на младата репрезентација имаше одлични калификации за Европското првенство каде што, впрочем изборивме настап и во групната фаза во Полска. Но, тоа како да не беше доволна препорака за предводникот на српскиот шампион, кој ги отпиша двајцата млади репрезентативци од првотимскиот статус.

 

Најново во Фудбал