Претседателот на Палермо не го дава најдобриот стрелец

Зампарини вели стоп за зимски трансфер на Несторовски

Маурицио Зампарини и дефинитивно го стопира зимскиот трансфер на Илија Несторовски, иако за најдобриот стрелец на Палермо има понуди

објавено: 11 јануари 2017 - 16:05

Маурицио Зампарини и дефинитивно го стопира зимскиот трансфер на Илија Несторовски, иако за најдобриот стрелец на Палермо има понуди. 

„Несторовски не е за продажба и таков играч ни треба во продолжението од шампионатот. Хилјемарк сака да си замине и нему можеме да му дозволиме да си оди, ако има добра понуда. Илија останува во Палермо“, изјави Зампарини, за италијанското радио „Кис Кис“.

За Несторовски има интерес, се споменуваа Наполи, Севилја, Аталанта...., но Зампарини знае дека без него тешко ќе избори опастанок со Палермо во Серија А.

Најново во Фудбал