Тренерот на Спортинг знае што сака

Жезус сака побрза игра, нема проблем тука е македонскиот „Спиди Гонзалес“

Жорге Жезус одлично го води Спортинг Лисабон во битката за титулата на триото големци во Португалија и во конкуренција на Порто и Бенфика. И неговата идеа „лавовите“ да играат брз и динамичен фудбал освршено му одговара на нашиот репрезентативец Стефан Ристовски

објавено: 1 февруари 2018 - 12:48

Жорге Жезус одлично го води Спортинг Лисабон во битката за титулата на триото големци во Португалија и во конкуренција на Порто и Бенфика. И неговата идеа „лавовите" да играат брз и динамичен фудбал освршено му одговара на нашиот репрезентативец Стефан Ристовски.

Засега добива помалку шанса од италијанскиот интернационалец Пичини, но секој момент кога е во игра, Ристовски одлично го користи.

„Го сменив малку тимот и добивме на енергија и на брзина со Ристовски во првиот состав. Имаме победнички карактер, одбраната има одличен потенцијал и баланс и сосема сум задоволен како играме“, рече Жезус, по победата над Гимареш, вчера.

Спортинг славеше со 1:0 со голот на Жереми Матје во 84. минута и сега е лидер со 50 бодови, еден повеќе од Порто, но и со меч повеќе. Бенфика е трета со 47 бодови, а приклучок во битка за титулата бара и Брага со 43 бодови по 20 одиграни натпревари.

Најново во Фудбал