ЕВРОГОЛ НА ЖУТА, ДИНАМО ЌЕ ПОЧЕКА ЗА ШАМПИОНСКО СЛАВЈЕ

Жута и Ријека го одложија славјето на Адеми (ВИДЕО)

После киксот на Динамо и поразот од 1-3, Ријека со прекрасен гол на Жута славеше над Интер и дојде на минус 4 бода разлика на две кола до крајот во хрватската лига

објавено: 8 мај 2018 - 21:55

Аријан Адеми ја носеше капитенската лента и ги играше сите 90 минути во поразот на Динамо Загреб на гостувањето кај Локомотива. Помалиот загрепски клуб славеше со 3:1 и го спречи шампионското славје на „модрите“ кои во следното коло го пречекуваат Рудеш и ако го совладаат, сепак ќе дојдат до титулата.

За да нема промоција на Динамо во првак уште вечерва, се погрижи и Ријека, која не киксираше, и дома го растури Интер Запрешиќ со 5:1. Стрелец на четвртиот гол за домашните беше македонскиот лев бек Леонард Жута, кој во 73. минута погоди од слободен удар од 20-тина метри. 

Најново во Фудбал