Српскиот тим му посака успех на Македонецот

Звезда со порака до Аврамовски: Даниел ти благодариме за сè!

Црвена Звезда на својата официјална „Фејсбук“ страница му се заблагодарани на македонскиот репрезентативец, Даниел Аврамовски, кој од вчера и официјално е нов играч на Олимпија. 

објавено: 21 декември 2016 - 15:27

Откако Даниел Аврамовски вчера и официјално беше промовиран како ново засилување на Олимпија, Црвена Звезда на својата официјална „Фејсбук“ страница му се заблагодари на македонскиот репрезентативец.

„Даниел, ти благодариме за сè. Твоја Црвена Звезда“, е кратката порака на српскиот тим.

Аврамовски не доби голема шанса во „црвено-белиот’ дрес и покрај тоа што го носеше две и пол години. Ова е главната причина поради која македонскиот младински репрезентативец одлучи да потпише договор со Олимпија, која во него гледа фудбалер, кој може да го донесе тимот на поголемо европско ниво.

„Секој фудбалер сака да игра. Јас не добивав шанса да настапувам по повредите и морав да ја сменам средината. Тоа е главната причина што ја напуштив Црвена Звезда. Воопшто не жалам што бев член на црвено-белите. Добро почнав, навивачите и соиграчите ме примија одлично, но потоа следеа повреди и мала минутажа. И посакувам на Црвена Звезда да ја одбрани титулата, а јас ќе дадам се од себе да и помогнам на Олимпија да ја оствари целта", беше изјавата на Аврамовски по потпишувањето на три и пол годишниот договор со словенечкиот тим.

 

     

Најново во Фудбал