ВАРДАР СО АПЕЛ ДО ФАНОВИТЕ

Истекува рокот за замена на ваучерите

Откако Вардар претходно го продолжи рокот, останаа уште само два дена за менување на ваучерите за блок влезници за Лигата на Европа со електронски картички.

објавено: 7 октомври 2017 - 18:40

Откако Вардар им излезе во пресрет на фановите и го продолжи рокот за менување на ваучерите за блок влезниците за Лига на Европска со електронски картички, денеска излезе во важно соопштение.

"Останаа уште само два дена за менување на ваучерите за блок влезници за Лигата на Европа со електронски картички. Уште денеска и утре од 10 до 18 часот во Фудбалската Академија на ФК Вардар ќе се врши замената за картички.

Ве потсетуваме дека на следните два натпревари против Реал Сосиедад и со Розенборг, нема да може да се влегува со ваучери, туку само со електронски картички.

Воедно трае продажбата на единечни билети за натпреварите со Реал Сосиедад и Розенборг, преку продажната мрежа на Тикет плус (www.tiketplus.mk)“, се вели во соопштението на ФК Вардар на официјалната интернет страница. 

Следен предизвик за македонскиот шампион во Лигата на Европа е шпанскиот тим Реал Сосиедад.  

Најново во Фудбал