КЛУБОТ ПРЕГОВАРА СО НЕКОЛКУ ИГРАЧИ

Иваноски и Младеновски нови фудбалери на Тетекс

ФК Тетекс донесе уште две имиња во своите редови и се засили со Јане Иваноски од Македонија Ѓ.П и Роберт Младеновски од Локомотива.

објавено: 3 август 2018 - 14:56

Двете нови засилувања на Тетекс играат во средниот ред поточно како заден играч и фудбалер за врска во нападот, Иваноски со неговите 30 години има и прволигашко искуство со тимот на Македонија Ѓ.П., потекнува од фудбалскиот погон на Цементарница.

Младеновски има 25 години и играше стандардно за скопска Локомотива во минатата сезона, понатаму има настапувано за Алумина, Љубанци и за првиот тим на Македонија Ѓ.П кој воедно му е и матичен клуб.

Челниците на клубот преговараа со неколку фудбалери и според најавите ќе има уште две-три засилувања пред почетокот на новата натпреварувачка сезона 2018/19, пренесува навивачкиот сајт „Напред-Тетекс" (napred-teteks.mk)

Најново во Фудбал