ИГРАЧОТ НА КОЊАСПОР ГО ПРОМЕНИ БРОЈОТ

Јаховиќ во друштво на Тоти, Меси, Марадона, Роналдињо..!

Во пресрет на почетокот на новата натпреварувачка сезона во Турција македонскиот интернационалец ќе има нов број на својот дрес.

објавено: 28 јуни 2018 - 14:53

Објавено е дека голгетерот на Коњаспор, Адис Јаховиќ од наредната 2018/2019 ќе го носи бројот 10.

Лани овој број го имаше јужноафриканскиот репрезентативец Лебоганг Манјама, а Јаховиќ настапуваше како 88.

Овој легендарен број го носеле големи фудбалски имиња како Лионел Меси, Роналдињо, Мишел Платини, Франческо Тоти, Зико, Зинедин Зидан, Пеле, Диего Армандо Марадона...

Информациите велат дека нашиот напаѓач на 1. јули ќе ги започне подготовките во Коњаспор.

Најново во Фудбал