една од желбите му се оствари

Јане Велковски ги запозна ѕвездите на Манчестер Јунајтед, а вечер ќе навива на „Олд Трафорд“

Малиот Јане доби дрес од „црвените ѓаволи“ и се дружеше со Санчез, Фелаини, Матиќ и останатите

објавено: 13 март 2018 - 09:27

Малиот херој Јане Велковски кој најголема желба има еден ден да заигра фудбал, деновиве го живее еден од своите сонови. Велковски е во Манчестер каде вечерва ќе го следи дуелот од Лигата на шампионите меѓу Јунајтед и Севилја. 

Синоќа, Јане се сретна со голем број од играчите на Манчестер, од кои доби автограм и фотографии за спомен. Вечерва, Јане треба да биде на „Олд Трафорд“ и во живо да го проследи дуелот меѓу Манчестер јунајтед и Севилја, во осминафиналето од Лигата на шампионите. 

Малото 9-годишно момче боледува од мусклна спинална атрофија, а од пред неколку месеци стана дел од кампањата на УЕФА наречена „Equal Game". По промовирање на кампањата на која Јане објаснува колку многу го сака фудбалот, тој стана пријател со Пол Погба, на чија и покана сега е во Манчестер. 

 

Најново во Фудбал