ПОБЕДНИКОТ БЕШЕ ПОЗНАТ УШТЕ ПРЕД ДА ПОЧНЕ МЕЧОТ

Јаневски: Овој наш тим не може да парира на вака искусна екипа

Стратегот на Вардар е свесен дека на теренот имаше разлика во квалитет

објавено: 7 март 2018 - 16:20

Вардар со „бело знаме“ замина во Тетово на реваншот против Шкендија и епилогот на крајот е очекуван, убедлива победа на Шкендија од 4:0. Со комбиниран тим од неколку првотимци и повеќе играчи од младинскиот погон, Вардар успеа едно полувреме да му парира на домаќинот, но потоа во вторите 45 минути, Шкендија со фуриозна игра, стигна до триумф и пласман во полуфиналето на Купот на Македонија. 

„Мислам дека добро се држевме во првите 45 минути, со комбиниран тим. Потоа направивме индивидуални грешки. Имавме проблем со долгите топки иако ставив неколку високи играчи. И по страничните позиции имавме проблем. Сепак не можам да замерам играчите го дадоа тоа што можат посебно во првите 45 минути. првите два гола беа многу ефтини голови. Се уште овој тим како денес не може да се носи со вака искусна екипа. Сепак не смееме со дрва и камења да фрламе по играчите. Ова е школа за нив и постепено треба да се работи и да се создаде еден или два играчи“, рече веднаш по мечот тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски.

Најново во Фудбал