Не е лесно да се игра во Европа

Јаневски: Се обидовме да играме офанзивен фудбал, но немаме голгетер

Чедомир Јаневски и Вардар по вторпат се поразени во дебитансткото учество во Европа Лигата на УЕФА, а вечерва подобар од нашиот првак беше норвешкиот шампион Розенборг и славеше со 3:1. „Се обидовме да играме офанзивно, но немаме вистински голгетер. Малку и среќата ни го заврте грбот, па по стативата на почетокот на мечот, наместо да водиме, се соочивме со негатива по гол од пенал. Тоа е данокот на искуството, но се надевам дека ќе играме се подобро и ќе се обидеме да ги освоиме првите бодови во некој од наредните мечеви“, вели тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски 

објавено: 28 септември 2017 - 21:42

Розенборг ги освои бодовите во битклата на поразените екипи оед првото коло во Европа Лигата, а Норвежаните заслужебно стасаа до првата победа во Л групата. Вардар промаши три шанси, а за утеха е голот на Хуан Фелипе, прв во натпреварите од Европа Лигата.

„Сакам да им честитам на ривалите од Розенборг. Мислам дека натпреварот мина во егал, а и двата состави се обидоа да играат фудбал. Имавме свои шанси, особено ми е жал за онаа прилика на почетокот на мечот кога  ја погодивме стативата. И кога нема да се даде гол, во фудбалот се прима. И по 1:0 имавме шанса, но тоа е. Пробавме да играме офанзивен фудбал, но немавме вистински голгетер во нашиот тим. Честитки за Барсегјан играчот кој што играше на таа позиција, и даде се од себе. Во вториот дел повторно бевме рамноправни, но примивме и втор гол кој што според мене го одлучи натпреварот. Потоа направивме измени, внесовме во игра двајца млади играчи. Успеавме да постигнеме гол, кој што за жал дојде во финишот и не можеше ништо резултатски да промени. Сакам да кажам дека сум задоволен од играта на мојот тим, бидејќи беше поинаква од првиот меч против Зенит кога загубивме со 0:5 на домашен терен. Сигурен сум дека ако продолжиме во овој стил, бодовите ќе дојдат на некој од следните натпревари. Денеска победи тимот кој што имаше повеќе искуство и ги реализираше своите шанси", изјави Чедомир Јаневски.

Следен предизвик да се поправи бледиот впечаток од стартните две кола е мечот со Реал Сосиедад, во Скопје на 19. октомври.

Најново во Фудбал