Вардар заслужи да се прости со три бода

Јаневски: Штета што не ја крунисавме добрата игра со победа

Чедомир Јаневски и неговите избраници конечно имаат причини за повеќе оптимизам, по добриот настап против Розенборг и првиот бод во историскиот настап на Вардар во Европа Лигата. На крајот сепак Вардар избегна да го заврши дебито без освоен бод.

објавено: 7 декември 2017 - 23:30

Чедомир Јаневски и неговите избраници конечно имаат причини за повеќе оптимизам, по добриот настап против Розенборг и првиот бод во историскиот настап на Вардар во Европа Лигата. На крајот сепак Вардар избегна да го заврши дебито без освоен бод.

„Задоволен сум од последниот наш меч во првото учество во Европа Лигата и штета што не победивме. Првото полувреме беше одлично, но и немавме среќа да постигнеме уште некој гол. И во второто полувреме ја имавме најубавата шанса, по ударот на Новак, но ете не не посака среќата. Оваа генерација заслужи аплаузи, бидејќи е прва што постигна успех и се избори за настап во фаза по групи во европските купови. Ова е искуство за нас, иако очекувавме и посакувавме и повеќе бодови и подобар пласман. Не исцрпи играњето на повеќе фронтови, но тоа е данокот на прво вакво учество во Европа Лигата. Посакувам и Вардар и останатите наши клубови почесто да играат во фаза по групи во европските купови. Сега ни останува да се посветиме на домашниот фронт“, изјави тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски.

Најново во Фудбал