Донесе чудесен пресврт за кус период

Јаневски: Убаво е кога гледаш насмеани лица кај фудбалерите

Чедомир Јаневски за кус период донесе и чудесен пресврт во Вардар, а го предводеше вечерва македонскиот првак до голема победа од 2:0 против Фенербахче. „Игравме со срце, но имавме и многу среќа. Постигнавме голови на нивни грешки, но важен е сега само резултатот. Ни дава позитивна енергија и само сомногу труд ќе ја заслужиме и среќата. Да не се лажеме се уште ништо не е готово“ вели Јаневски

објавено: 17 август 2017 - 22:50

Чедомир Јаневски мајсторски си ја одработи својата задача, за кусо време го врати победничкиот дух во Вардар, а новиот тренер на македонскиот шампион тргна триумфално со својот клуб, во кој се врати по 28 години, со голема победа од 2:0 против Фенербахче.

„Имаме одличен резултат, против силна екипа. За среќа успеавме да победиме. Имаме проблеми во дефанзива и тука треба да корегираме. Им честитам на играчите и на навивачите. Игравме со срце, но имавме и многу среќа. Постигнавме голови на нивни грешки, но важен е сега само резултатот. Ни дава позитивна енергија и само сомногу труд ќе ја заслужиме и среќата. Да не се лажеме се уште ништо не е готово.Имаме добра предност, но и тоа не е гаранција за историски успех. има и реванш, кој ќе биде тежок во Истанбул пред бучна публика. За нас е многу важно што успеавме да ја вратиме атмосферата. Дојдов и видов натажени лица кај фудбалерите, сега гледам насмеани и расположени играчи. Ќе ни недостасува капитенот Грнчаров, но имаме алтернативи. Тука се Дарко Велковски и Висар Муслиу, а јас имам сега период од неколку денови да се обидам да најдам решение“, изјави Јаневски, по мечот.

 

Најново во Фудбал