СО КАКВИ РЕЗУЛТАТИ СЕ ТЕМПИРАШЕ ФОРМАТА?

КАКО ПОМИНАА „ТЕСТОВИТЕ“ ПРЕД ЕВРОПА: Шкендија импресивна, Вардар „топло-ладно“..!

Вкупно четири македонски екипи ќе ја претставуваат на меѓународен план, односно во квалификациите за Лигата на шампионите и Лига Европа

објавено: 2 јули 2018 - 22:15

Подолу, можете да ги погледнете резултатите на Шкендија, Вардар, Работнички и Шкупи на пријателските натпревари кои што ги одиграа изминатиот период.

Пред европскиот настап, постигнатите резултати можеби не ветуваат премногу. Шкендија импресионираше, Вардар со добри, но и лоши моменти, додека Работнички и Шкупи се покажаа во „најслабо" светло на овие контролки.

ШКЕНДИЈА
реми против Домжале (1:1)
победа против Осиек (3:1)
победа против Ворскла (3:1)

ВАРДАР
победа против Шампион (4:1)
победа против Домжале (2:1)
реми против Марибор (3:3)
пораз од Оренбург (0:1)
пораз од Балзан (2:4)
реми против Херманштад (0:0)
реми против Целје (1:1)

РАБОТНИЧКИ
пораз од Славија Софија (0:3)
пораз од Динамо Загреб (0:4)
пораз од Сараево (1:2)
пораз од Луфтетари (1:3)
пораз од Раднички Ниш (0:3)
реми против Домжале (1:1)

ШКУПИ
победа против Дрита (2:0)
пораз од Нефчи (0:2)
реми против Левадија (1:1)
пораз од Челик (0:3)
пораз од Дунареа (1:3)

Наредната седмица нашите претставници ќе ги имаат првите натпревари, прва стартува Шкендија во вторник (10. јули) во 1. квалификациско коло за ЛШ во Скопје против Њу Сејнтс од Велс, наредниот ден исто така во главниот град Работнички во првото квалификациско коло за ЛЕ ќе го пречека унгарскиот Хонвед, а в четврток на гости Шкупи ќе игра кај шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс на Стивен Џерард, а Вардар игра во Ерменија против Пјуник.

Најново во Фудбал