ШПАНЦИТЕ ВООДУШЕВЕНИ ОД ГОЛОВИТЕ НА ЕНИС БАРДИ

Како со далечински управувач да ги контролира топките

Нашиот репрезентативец вели дека со ова му е остварен еден детски сон

објавено: 14 мај 2018 - 10:34

Барселона цели 43 меча не знаеше за пораз во шпанското првенство. Така беше до синоќа, кога гостуваше на Леванте и Енис Барди. Македонскиот репрезентативец блесна и даде два гола во победата од 5:4. По мечот, Барди рече дека со тоа му се остварил еден детски сон. 

„Пресреќен сум. Отсекогаш сум сонувал да и дадам гол на Барселона. Тој сон сега е остварен“, рече Барди, кој за играта која ја покажува, добива пофалби од сите страни. 

Шпанскиот весник „Ас“ посебно го истакнува прецизниот удар на Барди од далечина, а „Марка“ неодамна слободните удари на Барди ги спореди со тие на Лео Меси. 

„Ова е неверојатно. Има удар прецизен до бесконечност. Барди како да има далечински управувач во ногата. Само погледнете ги неговите голови. Сите се неверојатни“, анализира „Ас“.

Со девет погодоци, Барди е најдобар стрелец во тимот на Леванте сезонава.

Најново во Фудбал