И кај дисциплинираните Норвежани се случуваат вакви работи

Капитенот Јенсен не игра за Розенборг, остана дома да го чека раѓањето на синот

Капитенот Мајк Јенсен нема да игра за Розенборг против Вардар, утревечер во Скопје против Вардар, а причината е интересна и нефудбалска

објавено: 6 декември 2017 - 17:20

Капитенот Мајк Јенсен нема да игра за Розенборг против Вардар, утревечер во Скопје против Вардар, а причината е интересна и нефудбалска.

Јенсен очекува принова, треба да му се роди син и остана во Норвешка со дозвола на клубот. ајк сака да присуствува на свечениот момент и не допатува во Скопје.

Јенсен го одигра целиот меч во Трондхајм против Вардар, што Розенборг го доби со 3:1.

Утре од 21,05 гостите ќе се обидат да го повторат успехот, а Вардар ја очекува првата победа во завршниот меч за двете екипи од Л групата во Европа Лигата.

Најново во Фудбал