ПО ПАУЗА ОД РЕЧИСИ 15 ГОДИНИ, ПУКНА „ПЕТАРДА“ ЗА БАРСА

Каталонците ќе го памтат Барди: Барселона немаше примено пет гола од времето кога Меси имаше 16 години

Од декември 2003 година, се немаше случено Барселона да прими пет погодоци на еден првенствен дуел

објавено: 14 мај 2018 - 17:30

Синоќешниот пораз на Барселона на гости кај Леванте е историски од неколку причини. Леванте успеа пред своите навивачи да слави со 5:4 и на тој начин да ја стопира шансата на каталонците, да бидат првиот тим кој првенството од 38 меча го завршил без пораз. 

Еден од најдобрите во тимот на Леванте, беше македонскиот репрезентативец Енис Барди, кој за само 10-тина минути во второто полувреме, даде два прекрасни погодоци. Вистинско чудо е Барселона да прими пет гола на еден меч во Шпанија. 

Тоа се немаше случено речиси една и пол деценија, односно од декември 2003 година. Тогаш, Меси имаше само 16 години, а Барселона на гостувањето кај Малага загуби со 5:1. Сега, речиси 15 години подоцна, во Барселона ќе го памтат поразот кај Леванте и головите кои ги даде Барди. 

Најново во Фудбал