ОСМО НОВО ИМЕ ВО ВТОРОЛИГАШОТ

Кенан Ватиќ е новиот „текстилец“

Екипата на Тетекс сериозно се засилува за новата сезона од второлигашкото натпреварување.

објавено: 3 август 2018 - 22:12

Вкупно осмо ново име во редовите на ФК Тетекс е поранешниот фудбалер на Шкупи, Металург, Локомотива од каде доаѓа 24-годишниот Кенан Ватиќ.

Се работи за десен бек кој може исто да игра на левата страна и како централен дефанзивец.

„Среќен сум што дојдов во еден ваков тим, кој е со долга традиција во македонскиот фудбал, веднаш штом добив повик да дојдам прифатив без многу размислување. Ќе дадам се од себе да помогнам да се вратиме во Првата лига, каде што и припаѓа Тетекс Тетово", се зборовите на Ватиќ за навивачкиот сајт „Напред-Тетекс", napred-teteks.mk

Најново во Фудбал