ЗА ПРВИОТ НАТПРЕВАР ОД ЛИГА ЕВРОПА

ЌЕ „ГОРИ“ ИБРОКС: Распродадени сите влезници за Ренџерс-Шкупи! (Видео)

Освен шкотскиот фудбалски великан, и самото легендарно име Стивен Џерард на менаџерската клупа секако привлекува големо внимание.

објавено: 7 јули 2018 - 19:45

Како што пренесуваат британските медиуми, Глазгов Ренџерс за првиот натпревар против Шкупи од 1. квалификациско коло на Лига Европа наредниот четврток (12. јули, 20:45 ч.) ќе има огромна поддршка од трибините на „Иброкс" стадионот кој ќе биде исполнет до последно место.

ШКОТИТЕ ГО „ПРЕГАЗИЈА" БЈУРИ ПРЕД 41.015 ГЛЕДАЧИ

Во својот последен тест пред европскиот предизвик, составот на Ренџерс токму пред нивните гледачи имаше успешна проверка и победа од 6:0 против англискиот тим на Бјури.

Стрелци на головите беа Марфи во седмата минута, Катиќ зголеми во 31., следуваа два погодоци на Ерфилд (35., 65.), Морелос ја продолжи серијата во 70-та, а пет минути подоцна конечниот епилог го постави Раден.

Најново во Фудбал