ЗА РЕВАНШОТ ОД 2. ПРЕТКОЛО ВО ЛШ

ЌЕ ИМА ГОЛОВИ ВО ТИРАСПОЛ: Обложувалниците не се откажуваат од Шериф!

Да потсетиме, македонскиот шампион на првиот натпревар во Скопје на „Филип Втори" Арената триумфираше со 1:0.

објавено: 26 јули 2018 - 16:00

И пред првите 90. минути обложувалниците типуваа на победа за претставникот на Молдавија, не беа во право, но со истото предвидување ќе се оди и на реваншот кој ќе се одигра во вторник (31. јули) со почеток од 19:00 часот на теренот во Тираспол.

Квотата за триумф на Шериф за возвратниот дуел пред нивните гледачи е 1.61, за реми 3.52, а за победа на Шкендија 5.00.

Исто така, обложувалниците типуваат дека ќе има повеќе голови во однос на првиот дуел во Скопје, односно се очекуваат три или повеќе голови во Тираспол.

Најново во Фудбал