ШАМПИОНОТ ОСВОИ САМО ПЕТ БОДА ВО ПОСЛЕДНИТЕ ПЕТ МЕЧА

Ќе заврши ли вардаровата распродажба на бодови против Ренова?

За разлика од актуелниот првак, лидерот Шкендија очекува да „гази“ и против Силекс

објавено: 17 март 2018 - 11:30

Вардар на свој терен ја пречекува Ренова, а Шкендија во Тетово игра против Силекс, во дуелите од 24. коло во Прва лига. Актуелниот првак Вардар веќе се откажа од трката за титулата и заостанува дури 16 бодови зад лидерот Шкендија. 

Во последните пет меча, вардарци едноставно прават распродажба на бодовите, па од можни 15, освоија само пет. Со ваков биланс, јасно е дека не ни може да се биде конкурентен на Шкендија. Актуелниот првак денеска од 14 часот на свој терен игра против Ренова, која се надева дека ќе успее да откине некој бод, како што тоа во претходното коло успеа да го направи и „фенерџијата“ Скопје. 

За разлика од Вардар, Шкендија со сите сили ита кон освојување на титулата.  Тетовчани играат против Силекс, кој е трет на табелата, но не би можело ова да се нарече дека е дерби меч. Кратовчани заостануваат 23 бода, а и традцијата е целосно на страната на Шкендија. 

Силекс веќе 10 години реди само порази кога гостува кај Шкендија. Низата на тетовци е 12 победи по ред на свој терен против овој ривал. И денеска „црвено-црните“ од Тетово се нема победа на гостувањето кај Шкендија цели 10 години. 

Двојки за 24 коло: Шкендија - Силекс, Вардар - Ренова, Шкупи - Скопје, Победа - Работнички, Академија Пандев - Пелистер. Мечевите почнуваат од 14 часот. 

Најново во Фудбал