Покажуваме дека можеме кога треба да се помогне

Ќириќ и Ќумбев го посетија Кичо Симоновски, приказната ја крена Македонија на нозе (Фото)

Двете наши познати фудбалски имиња, Саша Ќириќ како претставник на Фудбалската федерација на Македонија и Панче Ќумбев, кој е прв човек на независниот Синдикат на фудбалери кај нас, денеска го посетија Венцислав Кичо Симоновски, по потресната приказна што ја објави ТВ Стар од Делчево 

објавено: 8 февруари 2018 - 15:08

Двете нхаши познатио фудбалски имиња, Саша Ќириќ како претставник на Фудбалската федерација на Македонија и Панче Ќумбев, кој е прв човек на независниот Синдикат на фудбалери кај нас, денеска го посетија Венцислав Кичо Симоновски, по потресната приказна што ја објави ТВ Стар од Делчево.

Симоновски беше стандарден член на „златната генерација“ вардарови фудбалери што ја освои единствената титула во Југославија, но во последните неколку години живее на работ на егзистенција.

По приказната што се рашири и по порталите и нашите весници, реагираа голем број на луѓе за да помогнат. Од ФФМ му понудија да му најдат место како координатор во некоја од нашите селекции, или во Академијата, а посебен е и ангажманот на Ќумбев. Тој се покажа како голем борец за да му се помогне на Кичо. Првично е решен проблемот со неплатената струја, а се собираат и парични средства за да му се помогне на некогашниот бек на Вардар да може да има пристоен живот.

 

 

 

Најново во Фудбал