ИГРАЧОТ ДЕМАНТИРА ДЕКА ЌЕ ГИ НАПУШТИ „ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“

Којашевиќ не си оди од Вардар

Фокусот на црногорскиот репрезентативец е двомечот кој следува против Копенхаген

објавено: 22 јули 2017 - 15:00

Црногорскиот интернационалец во редовите на Вардар, Дамир Којашевиќ најави дека не размислива да си замине од македонскиот првак. Тој вели дека неговиот фокус е насочен кон двомечот против екипата на Копенхаген, во рамките од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите, а не за напуштање на „црвено-црниот“ дрес.

„Не знам од каде им е на медиумите информацијата дека ќе си одам од Вардар. Јас засега не размислувам на заминување од Вардар, и имам важечки договор со клубот. Сега не сум фокусиран на ништо друго, туку само на настапите на тимот во Лигата на шампионите и натпреварот кој следува против Копенхаген. Целосно ги отфрлувам овие шпекулации дека ќе го напуштам Вардар", е реакцијата на Којашевиќ за клупскиот сајт на Вардар.

Најново во Фудбал