Ќе го запознаат и Вардар

Кокорин: Не знам ништо за Вардар, но знам дека Зенит е фаворит

Александер Кокорин е една од главните ѕвезди на Зенит Санкт Петербург, а вели дека не знае ништо за Вардар, дебитантот во Европа Лигата

објавено: 25 август 2017 - 15:07

Александер Кокорин е една од главните ѕвезди на Зенит Санкт Петербург, а вели дека не знае ништо за Вардар, дебитантот во Европа Лигата.

„Не знам ништо за Вардар, но знам дека Зенит е голем фаворит во групата“, изјави напаѓачот на рускиот тим кој беше во првиот шешир при ждрепката и е број 1 и според рејтингот во Л групата, со Вардар, Реал Сосеидад и Розенборг.

Кокорин ќе има можност да го запознае Вардар вее на 14. септември во мечот со кој ќе почне натпреварувањето во групата.

Најново во Фудбал