ДАНСКИОТ ПРВАК ПОКАЖА ДЕКА Е ВО ДОБРА ФОРМА

Копенхаген со победа од 3:0 доаѓа во Скопје

Во меч од домашното првенство, фаворитот на гостински терен со 3:0 го победи тимот на Рандерс

објавено: 22 јули 2017 - 21:20

Противникот на Вардар во третото претколо од квалификациите за пласман во Лигата на шампионите, екипата на Копенхаген, имаше успешна контролка, пред гостувањето во Скопје. Данскиот првак денеска стигна до убедлива победа од 3:0 на гостувањето против Рандерс, во меч од домашното првенство. 

Кипарскиот напаѓач Пјерос Сотериу постигна два гола, а еднаш мрежата на Рандерс ја тресеше српскиот напаѓач Андрија Павловиќ. Со овој триумф Копенхаген ја покажа силата и го „алармираше“ Вардар пред средбата која во вторник ќе се игра на „Филип Втори Арената“ во Скопје. 

Најново во Фудбал