ДОДЕКА ШКЕНДИЈА ПРЕГОВАРА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА

Крила Советов со мега понуда го „лови" Буба Хасани!

Свој интерес за капитенот на Шкендија и најдобриот фудбалер во Првата Лига, пројавуваат и Сиваспор, Ференцверош и Цирих

објавено: 15 мај 2018 - 17:00

Новиот руски премиерлигаш Крила Советов, го посакува во своите редови Ферхан Буба Хасани. Неофицијално дознаваме дека на адреса на капитенот на шампионот и најдобриот фудбалер во Првата Лига, пристигнала голема понуда од овој клуб од Русија, кој во претстојната сезона ќе игра во Премиер лигата на таа земја.

Интерес за Хасани пројавува и Сиваспор од Турција, клуб кој во 2015 година исто така го сакаше Буба, но тогаш тој се реши да ја прифати понудата на Шкендија. Ако сега замине во Сиваспор тогаш ќе игра во тандем со Робињо. Инаку Сиваспор подолго време го „скенира" капитенот на Шкендија и тоа заедно со Фелипе, екс член на Вардар, и ги сакал двајцата. Но „кариоката" се пресели во Казахстан пред неколку месеци.

И тоа не е се во однос на Хасани. Имено и Ференцварош и Цирих го посакуваат Буба. Но нивните понуди биле помали од оние на Крила Советов и Сиваспор, односно биле во висина на она што Шкендија е подготвена да му го понуди.

Е сега која од овие ќе биде најдобра и прифатлива за Хасани, секако дека се прашува и Шкендија. Шампионот има намера во квалификациите во ЛШ да игра со силен состав, смета и на Хасани, но ќе видиме. Факт е дека на капитенот на шампионот договорот му истекува во јуни

Најново во Фудбал