ЕКСКЛУЗИВНО ЗА „СПОРТМЕДИА“

Кулушевски: Среќен што настапив за првиот тим на Аталанта!

18-годишниот играч од средниот ред ни потврди воедно дека настапува за У19 репрезентацијата на Шведска.

објавено: 9 јули 2018 - 18:00

Првиот тим на Аталанта го имаше првиот тест во летните подготовки за новата сезона 2018/19 во италијанската Серија А.

Со убедлив резултат 7:0 успеа да го совлада составот на Вал Сериана, а целото второ полувреме го одигра Дејан Кулушевски кој доби шанса од тренерот Гасперини.

„Јас сум многу среќен да ја започнам оваа нова сезона со првиот тим. Настапот што го имав во неделата беше мојот втор што го имав за првиот тим. Играта ми беше убава, среќен сум на мојот настап", рече Кулушевски за „Спортмедиа".

Да потсетиме, младиот фудбалер претходно имаше настапи и голови за селекцијата на Македонија до 16 години, роден во Шведска, а неговото потекло е од охридскиот крај. Пред да потпише договор со Аталанта, имаше големи успеси со Бромапојкарна во најдобрата младинска лига во Шведска.

Станува збор за голем фудбалски потенцијал кој игра во средниот ред, но може да придонесе и во нападот, а тоа го докажа и во младинскито тим на Аталанта. Годинава се шпекулираше дури и дека има понуда од Арсенал.

Ваквите значајни настапи особено за првиот тим на Аталанта би можеле да бидат корисни и да му помогнат во развојот на играчот, и во иднина евентуално за во дресот на У19, У21 или А репрезентацијата на Македонија, сепак кратко и јасно ни изјави дека настапува за У19 репрезентацијата на Шведска.

Најново во Фудбал