ПЕЛИСТЕР И ШКЕНДИЈА ПОВТОРНО ВО БИТКА ЗА ПЕХАРОТ

КУП ФИНАЛЕ: Историјат, бројки, рекорди, занимливости

Најмногу трофеи има Вардар, следува Работнички, најмногу финалиња пак Слога Ј, Б. Илијоски со пет пехари е најтрофејниот

објавено: 23 мај 2018 - 12:45

Пелистер и Шкендија, вечерва во Струмица ќе бијат битка во Куп финалето бр.26. Стадионот „Младост" по трет пат во својата историја ќе го даде победникот.

Како вовед пред вечерашното финале може да се потсетиме на оние бројки, историјати, рекорди, занимливости од минатите 25 финалиња.

-Првото финале во самостојна Македонија се одигра во мај во 1993 година во Скопје. На тогаш Градскиот стадион Вардар со голот на Жанко Савов, го победи Пелистер со 1:0 и го освои драгоцениот пехар

-Најмногу куп финалиња има Слога Ј (денешно Шкупи), осум пат чаирчани играле вакви мечеви, но само три пати се радувале. Следува Работнички со седум финалиња во кои четири пати го освојувал пехарот, па Вардар со шест финални средби. Ова финале и за Шкендија и за Пелистер ќе биде петто.

-Засега само Тони Јакимовски и Влатко Костов се радувале на пехарот и како играчи, но и како тренери

-Есад Чолаковиќ, со Слога Ј, Маџари и Работнички играл вкупно во осум финалиња

-Дос Сантос Вандаир и Баже Илијоски се единствените кои имаат пехари со три различни екипи. „Кариоката" со Цементарница, Вардар и Работнички, додека Илијоски со Работнички, Металург и Пелистер

- Баже Илијоски лани се запиша во историјата. Пет финалиња и пет победи. Интересно е тоа што Илијоски нема пораз во финалињата. Со Работнички се радувал против Милано, Металург и Тетекс а со Металург со Тетекс, и лани со Пелистер против Шкендија.

-Досега само Арѓент Беќири на еден меч постигнал три гола, тоа се случило во 2000 година кога Слога Ј ја совлада Победа со 6:0

-Наџи Шенсои (Пелистер) е петтиот странски тренер кој го освоил Купот. Претходно тоа го сториле Неџат Верлашевиќ (БиХ) со Слога Ј, Радмило Иванчевиќ (Србија) со Македонија ЃП, Драгољуб Беквалац (Србија) со Работнички, Бруно Акраповиќ (БиХ) со Шкендија.

-Струмица и стадионот „Младост" по третпат ќе бидат домаќини на големото Куп финале. Првиот пат тоа беше во 2002 година кога Победа славеше со 3:1 над Цементарница, вториот пат тоа беше лани кога Пелистер ја победи Шкендија и третиот во среда на 23 мај
- Шкендија станува специјалист кога станува збор за куп финалињата. Ова за тетовци ќе биде трето по ред. Во 2016 го победи Работнички, лани загуби од Пелистер и сега повторно ќе игра со Пелистер.

- Шест пати куп победникот сме го добивале по изведувањето на пеналите. Тоа се случуваше во 1994 (Силекс - Пелистер), потоа во 1996 (Слога Ј - Вардар), па во 2003 (Цементарница - Слога Ј), следува 2009 (Работнички - Македонија ЃП), во 2013 (Тетекс - Шкендија) и лани 2017 (Пелистер - Шкендија). Значи тетовци двапати го губат купот на пенали
СИТЕ ДОСЕГАШНИ ФИНАЛИЊА
1993 – СКОПЈЕ: ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР 1:0
1994 – СКОПЈЕ: СИЛЕКС – ПЕЛИСТЕР 1:1 (3:1 П)
1995 – СКОПЈЕ: ВАРДАР – СИЛЕКС 2:1
1996 – СКОПЈЕ: СЛОГА Ј – ВАРДАР 0:0 (5:3 П)
1997 – КАВАДАРЦИ: СИЛЕКС – СЛОГА Ј 4:1
1998 – СКОПЈЕ: ВАРДАР – СЛОГА Ј 2:0
1999 – СКОПЈЕ: ВАРДАР – СЛОГА Ј 2:0
2000 – ПРИЛЕП: СЛОГА Ј – ПОБЕДА 6:0
2001 – СКОПЈЕ: ПЕЛИСТЕР – СЛОГА Ј 1:0
2002 – СТРУМИЦА: ПОБЕДА – ЦЕМЕНТАРНИЦА 3:1
2003 – СКОПЈЕ: ЦЕМЕНТАРНИЦА – СЛОГА Ј 4:4 (3:2 П)
2004 – СКОПЈЕ: СЛОГА Ј – НАПРЕДОК 1:0
2005 – СКОПЈЕ: БАШКИМИ – МАЏАРИ 2:1
2006 – СКОПЈЕ: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА 3:2
2007 – СКОПЈЕ: ВАРДАР – ПОБЕДА 2:1
2008 – СКОПЈЕ: РАБОТНИЧКИ – МИЛАНО 2:0
2009 – СКОПЈЕ: РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1:1 (6:5 П)
2010 – СКОПЈЕ: ТЕТЕКС – РАБОТНИЧКИ 3:2
2011 – ПРИЛЕП: МЕТАЛУРГ – ТЕТЕКС 2:0
2012 – ШТИП: РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ 3:1
2013 – СКОПЈЕ: ТЕТЕКС – ШКЕНДИЈА 1:1 (6:5 П)
2014 – СКОПЈЕ: РАБОТНИЧКИ – МЕТАЛУРГ 2:0
2015 – СКОПЈЕ: РАБОТНИЧКИ – ТЕТЕКС 2:1
2016 – СКОПЈЕ: ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 2:0
2017 – СТРУМИЦА: ПЕЛИСТЕР - ШКЕНДИЈА 0:0 (4:3 П)
2018 - СТРУМИЦА: ШКЕНДИЈА - ПЕЛИСТЕР ???

 

Најново во Фудбал