ВО ПРЕСРЕТ НА ФИНАЛЕТО ОД КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА

Битолчани најавуваат инвазија во Струмица

Пелистер и Шкендија, утре ќе се борат во 25 финале во најмасовното фудбалско натпреварување кај нас

објавено: 16 мај 2017 - 12:20

Атмосферата пред финалето во Купот на Македонија се вжештува. Пелистер и Шкендија се екипите кои утре ќе истрчаат на теренот во Струмица, во обид да стигнат до големиот трофеј. Двата клупа имаа „армија“ навивачи и се надеваат дека ќе ја имаат поддршката од трибините во обид да стигнат до пехарот. 

Битолските „Чкембари“ со плакати низ градот, ги повикаа сите симпатизери на „зелено-белите“ утре да отпатуваат во Струмица. Пелистер со победа, освен трофејот, сигурно ќе обезбеди и место во Лигата на Европа, додека Шкендија веќе си има обезбедено пласман во европските купови за летниот период.

Пелистер сигурно ќе има поддршка од своите навивачи, а останува да се види дали „Балистите“ ќе допатуваат во Струмица, да ја бодрат Шкендија.

Најново во Фудбал