Исто финале како и лани

Битолчани се мајстори за пенали - Пелистер пак и закажа на Шкендија меч за титула во купот

Ристе Маркоски е јунакот на Пелистер и човекот што погоди последен од белата точка во пенал серијата против Академија Пандев за пласман во финалето на националниот куп. Бранителот на трофејот од Битола повторно и закажа меч за пехар на Шкендија

објавено: 11 април 2018 - 18:25

Ристе Маркоски е јунакот на Пелистер и човекот што погоди последен од белата точка во пенал серијата против Академија Пандев за пласман во финалето на националниот куп. Бранителот на трофејот од Битола повторно и закажа меч за пехар на Шкендија.

Струмичани имаа златна шанса да победат на пенали, откако ја анулираа предноста на Пелистер во регуларниот дел и победија со 2:1, идентично на поразот од првито меч. Марио Крстовски промаши пенал за победа, а во серијалот од утки Марковски беше прецизен кога најмногу требаше за 2:3 на пенали и ново финале.

Во регуларниот дел Пелистер поведе со 1:0 со голот на Благојче Маркоски, а пресврт направија Атанаскоски и Крстовски за триумф од 2:1 и пенали.

Атанаскоски и Чешмеџиев погодија за струмичани од белата точка, а кај Пелистер во ревијата утки на двете екипи прецизни беа Трифуновски, Коњарски и Маркоски.

Играчите на Пелистер и лани беа подобри во пенал-серија од Шкендија и во Струмица го освоија пехарот, а и на 23. мај ќе имаат шанса да ја бранат круната.

 

Најново во Фудбал