Штипјани очекуваат спектакл

Брегалница сака реприза од 2010, Пелистер продолжување на серијата

Брегалница ќе игра историско полуфинале против Пелистер за пласман во финалето на домашниот куп, а првата битка е во Штип денеска од 17 часот и тоа за првпат под светлоста на рефлекторите

објавено: 1 март 2017 - 11:40

Брегалница ќе игра историско полуфинале против Пелистер за пласман во финалето на домашниот куп, а првата битка е во Штип денеска од 17 часот и тоа за првпат под светлоста на рефлекторите.

Штипјани најавуваат спектакл, а посакуваат реприза од последниот двомеч во купот против битолчани. Во 2010 година во два натпревари без пораз Брегалница го елиминира Пелистер. На гости „сините“ славеа со 2:0, а во реваншот немаше голови, па Брегалница мина понатаму.

„И во Охрид пред 4 дена покажавме карактер и со играч помалку бевме блиску до еден бод. Сега сме домаќини, очекувам да одиграме подобро, а ќе изгинеме на терен за позитивен резултат“, вели стоперот Дарко Стојанов.

Пелистер е незгоден противник сезонава за сите прволигаши, а има серија од три меча без пораз со Брегалница. Битолчани посакуваат серијата добри игри и резултати да продолжи и денеска во Штип.

„Влогот е голем , се работи за настап во финалето на националнито куп. Ни треба барем еден гол денеска, за да ни биде полесно во реваншот. Но, победата или добриот резултат нема да дојдат сами по себе и затоа треба да бидеме максималн о сконцентрирани во текот на целиот меч“, вели Баже Илијоски.

Вториот стрелец во историјата на македонските шампионати со 122 погодоци, е големо засилување за Пелистер и на двата пролетни првенствени натпревари се запиша во листата на стрелците. 

Најново во Фудбал