Одиграни се осминафиналните реванши

„Четворката“ прволигаши меѓу осумте најдобри во Купот на Македонија

Во реванш средбите од осминафиналната фаза од купот на Македонија, екипите кои што се наоѓаат во првата лига немаа проблем да го потврдат пласманот во наредната фаза

објавено: 12 октомври 2016 - 16:59

Како и што се очекуваше, тимовите кои што играат во првата македонска фудбалска лига остварија пласман во четвртфиналната фаза во Купот.
Шкупи на домашен терен беше убедлив против Академија Пандев со 3:1. Победа постигна „петарда" во мрежата на Новаци (5:0), додека Брегалница имаше рутинско гостување кај Тетекс каде што беше подобра со 1:2.
Металург беше првиот патник во наредната фаза, бидејќи во ова коло беше слободен. Последните три патника ќе се бараат од средбите Шкендија - Работнички, Вардар - Влазерими и Ренова - Пелистер кои се играат следната недела.

КУП НА МАКЕДОНИЈА
РЕЗУЛТАТИ

ШКУПИ - А. Пандев 3:1 (1:0)*
Хоризонт Т - СИЛЕКС 3:3 (1:2)
Тетекс - БРЕГАЛНИЦА 1:2 (0:4)
ПОБЕДА - Новаци 5:0 (2:1)
МЕТАЛУРГ (СЛОБОДЕН)
*Во загради се резултати од првите мечеви

19.10.2016

ШКЕНДИЈА - РАБОТНИЧКИ
ВАРДАР - ВЛАЗЕРИМИ

20.10.2016

РЕНОВА - ПЕЛИСТЕР

Најново во Фудбал