ЧАРШИЈАТА ШПЕКУЛИРА ДЕКА ОБЛОЖУВАЧКАТА МАФИЈА ЗАМЕШАЛА ПРСТИ

Циркус во Охрид: Фудбалерите на Косел водеа 2-0 против Македонија ЃП и на полувреме си заминаа дома!

објавено: 12 август 2015 - 20:01

Невиден скандал се случи денеска во Охрид на мечот Вулкан Косел – Македонија Ѓорче Петров во првата рунда од Купот на Македонија, откако мечот на полувреме беше прекинат и тоа при водство од 2-0 за домаќинот, кој на полувреме решил да си замине дома.

Циркусот во Охрид се случи откако фудбалерите на домашниот тим решиле на полувреме да го напуштат стадионот и да не излезат на второто полувреме, иако имале водство од 2-0 против поранешниот македонски првак Македонија ЃП, кој сега по ова напуштање би требало службено да го добие мечот со 3-0 и да обезбеди осминафинале.

Фудбалската чаршија веќе почна со шпекулации дека обложувачката мафија замешала прсти за овој меч, а сето тоа дополнително се подгреваат шпекулациите откако целиот прв тим на „лавовите“ останал во Скопје, а за Охрид заминале младинците на клубот.

 

Најново во Фудбал