ДОКОЛКУ ШАМПИОНОТ ГО МИНЕ ШКУПИ

Дерби во четвртфиналето од Купот на Македонија: Шкендија го чека Вардар, Пелистер против Победа

Денеска во ФФМ беа извлeчени 1/4 финалните двојки од Купот на Македонија. Доколку Вардар во осминафиналето го мине тимот на Шкупи, во борбата за пласман во полуфиналето ќе се бори против најголемиот ривал Шкендија. 

објавено: 27 октомври 2017 - 12:31

Денеска во ФФМ беа извлечени 1/4 финалните двојки од Купот на Македонија. Доколку Вардар во осминафиналето го мине тимот на Шкупи, во борбата за пласман во полуфиналето ќе се бори против најголемиот ривал Шкендија.

Во останатите двојки ќе се сретнат: Тетекс - Академија Пандев, Ренова - Скопје и бранителот на трофејот, Пелистер со Победа.

Осминафиналните натпревари ќе се играат на 8. и 29. ноември, додека претходно треба да се одигра дуелот меѓу Вардар и Шкупи. 

Најново во Фудбал