Немаат избор

ФФМ му нареди на Шкупи да игра во Ѓорче Петров против Вардар, чаирчани протестираат

Фудбалската Федерација на Македонија не даде зелено светло реванш мечот меѓу Шкупи и Вардар да се игра на „Чаир“, а единствена опција е стадионот на Ѓорче Петров. Од Шкупи реагираат со негодување дека ФФМ за некого е мајка, за некого маќеа

објавено: 13 декември 2017 - 16:35

Фудбалската Федерација на Македонија не даде зелено светло реванш мечот меѓу Шкупи и Вардар да се игра на „Чаир", а единствена опција е стадионот на Ѓорче Петров. Од Шкупи реагираат со негодување дека ФФМ за некого е мајка, за некого маќеа.

„Претставници на ФФм беа во контрола на теренот на Чаир и не ни дозволија да играме дома на реваншот со Вардар во осминафиналето во купот. И патем ни кажаа дека единствена опција ни е да играме во Ѓорче Петров. Терен на кој нема ништо подобри услови од тие на нашиот во Чаир. ФФМ за некого е мајка, за некого маќеа“, реагираат од Шкупи.

Првиот меч заврши нерешено, 1:1, а сега на ред да биде домаќин е Шкупи, но нема да може да игра на Чаир. Терен на кој немаше ниту минимални услови на почетокот на овој месец, кога токму двата ривали играа меѓусебе. Шкупи го победи Вардар со 2:0 на трети декември во меч од домашното првенство, а теренот беше каллив и немаше реални услови за игра.

Најново во Фудбал