Пак дерби пред финалето

Вардар против Шкендија пак е финале пред финалето во купот, Пелистер ќе игра полуфинален двомеч со Брегалница

Вардар и Шкендија пак ќе играат дерби пред финалето во националниот Куп, овојпат во полуфиналниот двомеч, а за место во завршницата и ќе играат и Пелистер и Брегалница во меѓусебен двомеч

објавено: 9 декември 2016 - 13:17

Вардар и Шкендија пак ќе играат дерби пред финалето во националниот Куп, овојпат во полуфиналниот двомеч, а за место во завршницата ќе бараат и Пелистер и Брегалница.

Вардар е домаќин на првиот меч на први март, а реваншот ќе се игра на 19. април во Тетово. Двете екипи лани играа меѓусебе во четвртфиналето и Шкендија беше поуспешна и потоа и го освои пехарот, за првпат во клупската историја.

Пелистер ќе ја има фаворитската улога против фенерџијата во Првата Лига, Брегалница и ќе биде домаќин на првиот дуел, но во Купот секогаш се можни изненадувања.

Вардар е најтрофеен клуб во ова друштво и воопшто кај нас, со 5 пехари, пред Шкендија и Пелистер со по еден трофеј. Брегалница атакува на првата куп титула.

Најново во Фудбал