Капитенот на Шкендија вели дека ова е сосема друг меч

Хасани: Сега е време да покажеме карактер

Сега е време да покажеме карактер и со позитивен резултат да ја вратиме самодовербата, вели капитенот на Шкендија, Ферхан Хасани, пред деншниот прв полуфинален меч во националниот куп против Вардар, на гостински терен во Скопје

објавено: 1 март 2017 - 08:45

Сега е време да покажеме карактер и со позитивен резултат да ја вратиме самодовербата, вели капитенот на Шкендија, Ферхан Хасани, пред денешниот прв полуфинален меч во националниот куп против Вардар, на гостински терен во Скопје.

Двете екипи играа пред само три дена во првенствен меч и Вардар неочекувано лесно, со 3:1 ја победи Шкендија и побегна на 7 бода разлика во битката за титулата.

Ако во домашниот шампионат, Шкендија не знае за победа на последните седум натпревари против големиот ривал, во купот приказната е малку поинаква. Во последната меѓусебна пресметка во 2015 година, тетовци на двапати го надиграа и победија шампионот и потоа и ја освоија куп титулата.

„Ова се сосема нов меч и сега треба да покажеме карактер, црвстина и како колектив да одиграме подобро од претходниот меч, одигран во неделата. Со позитивен резултат ќе ја вратиме атмосферата во клубот, а се надевам дека ќе успееме да одиграме на потребното ниво и со добар резултат да го дочекаме реваншот“, вели Хасани.

Шкендија има една куп титула, ланската, па има шанса да ја одбрани круната. Вардар е најтрофеен наш клоуб со 5 пехари во ова натпреварување, но пости цели 10 години.

 

Најново во Фудбал