Очекувано тетовци продолжуваат во битка за пехарот во купот

Хет-трик на Ибраими, гол и за Муслиу и невиден автогол на челниците на Вардар и „подарија“ полуфинале на Шкендија

Со хет-трик на Бесарт Ибраими и еден гол на Висар Муслиу, Шкендија очекувано го елиминира Вардар со победа во реваншот од 4:0. Тетовци се последниот полуфиналист во националниот куп, а невиден автогол во целата ситуација си даде раководството на „црвено-црните“ од Скопје

објавено: 7 март 2018 - 15:58

Хет-трик на Ибраими, еден гол на Висар Муслиу, но и невиден автогол на челниците на Вардар ја одведоа Шкендија во полуфиналето на националниот куп.

Последниот патник меѓу четирите екипи што ќе ја бијат завршната битка за пехарот лесно го доби реваншот и тоа со убедливи 4:0.

Ибраими набрзина за 13 минути постигна три гола, а поранешниот вардаров играч, Муслиу ги докусури гостите. Вардар играше со комбиниран тим, по неразумната одлука на челниците на клубот. Играа мал дел од сениорите, од првиот состав на чело со Барсегјан, Новак, Битанг и Тошевски, а не играат останатите првотимци. Лошата одлука само си ја казни Шкендија и со вкупен резултат од 5:1 се пласира во полуфиналето. Ако и веруваат на историјата и традицијата, тетовци ќе го освојат купот. Во сезоната 2015/16 Шкендија го елиминира Вардар во четвртфиналето со идентични 5:1, вкупно и потоа го освои единствениот пехар во ова натпреварување.

Можни ривали во полуфиналето ќе им бидат Пелистер, кој го брани трофејот, Ренова и Академија Пандев. Ждрепката е закажана за в петок.

Најново во Фудбал