Конечно ќе светне и Под Исарот таман за полуфинале на купот

Историја во Штип, Брегалница и Пелистер ќе играат под рефлектори

Конечно ќе светнат рефлектори и „Под Исарот“, а чест да играат прв меч во нова димензија на стадионот во Штип ќе имаат Брегалница и Пелистер од 17 часот во среда, во првиот полуфинален дуел во македонскиот куп

објавено: 27 февруари 2017 - 14:57

Конечно ќе светнат рефлектори и „Под Исарот", а чест да играат прв меч во нова димензија на стадионот во Штип ќе имаат Брегалница и Пелистер од 17 часот во среда, во првиот полуфинален дуел во македонскиот куп.

Наместо во 14 часот, како што беше предвидено, штипјани и битолчани ќе играат во вечерен термин со почеток 3 часа подоцна.

Интересно е што двата состави играа меѓусебе, завчера во меч од домашното првенство, а Пелистер во Охрид ја победи Брегалница со 2:1. Натпреварот задутре ќе го суди Александар Ставрев.

Првата епизода од втората полуфинална пресметка меѓу Вардар и Шкендија ќе се игра истиот ден, но од 14 часот во Скопје. Како реприза на вчерашното дерби, што Вардар го доби со 3:1. Судија ќе биде Димитар Мечкаровски.

Реваншите се закажани за 19. април.

Најново во Фудбал