ФФМ РАЗМИСЛУВА ЗА ПРОМЕНИ

Јубилејното 25. издание од финалето во Купот нема да се игра во Скопје?

По шестти пат во историјата самостојна Македонија, големото финале во Купот ќе се игра надвор од нашиот главен град. 

објавено: 2 април 2017 - 10:45

По шестти пат во историјата самостојна Македонија, големото финале во Купот ќе се игра надвор од нашиот главен град. Фудбалската федерација на Македонија годинашното јубилејно 25. издание кое е закажано за 17 мај, сака да го премести во неколку градови.

Штип е најголем конкурент, поради квалитетниот терен и секако можноста да се игра под рефлектори. Но, доколу Брегалница успее да го мине Пелистер во полуфиналето и се да најде во завршницата, тогаш големото финале би се играло во Струмица.

Инаку реванш натпреварите од полуфиналето се закажани за 19 април меѓу Шкендија - Вардар и Пелистер - Брегалница. Освен во Скопје големите куп финалиња се играле двапати во Прилеп, еднаш во Струмица и еднаш во Штип.

 

Најново во Фудбал