Нема услови за спортски натпревари во поплавеното подрачје

Кому му е до фудбал, стадионот настрада, Фортуна се откажа од Купот (Фотогалерија)

Третолигашот Фортуна од скопската населба Ченто без игра го предаде мечот од 1/16 финалето во националниот Куп, против Победа, поради проблеми со поплавите во ова подрачје. Теренот на Фортуна е во катастрофална состојба по временската непогода, а третолигашот најави дека веројатно ќе се откаже и од настапите во првенството 

објавено: 15 август 2016 - 18:16

Третолигашот Фортуна од скопската населба Ченто, без игра го предаде мечот од 1/16 финалето во националниот Куп против Победа, поради проблеми со поплавите во ова подрачје.

Теренот на Фортуна е во катастрофална состојба по временската непогода, а третолигашот најави дека веројатно ќе се откаже и од настапите во првенството.

Кому му е до фудбал, кога во ова подрачје имаше и жртви од поплавите и условите за живот се мошне тешки. 

Од раководството на Фортуна размислуваат и за откажување на натпртеварите во Третата лига Север, а Победа службено ќе го добие мечот од Купот, закажан за в среда и без игра ќе се пласира во осминафиналето.

Со допис до ФФМ челниците на клубот од населбата Ченто информираат дека сигурно се откажуваат од натпреварите во националниот Куп на Македонија.

Најново во Фудбал