„ПАНДЕВЦИ“ ОБЕЗБЕДИЈА ПРЕДНОСТ, КАКО И „ЛАВОВИТЕ“

Куп: Победа ја „тресна“ Шкендија, Беласица го освои Кратово! (ФОТО)

Денеска се одиграа првите натпревари од четвртфиналето во фудбалскиот Куп на Македонија, изненадување приреди прилепска Победа која триумфираше минимално со 0:1.

објавено: 7 ноември 2018 - 15:04

Прилепчани обезбедија предност пред реваншот благодарение на погодокот на Макота во 19. минута од средбата на Градскиот стадион во Тетово. Дополнителен проблем за тетовци беше исклучувањето на дефанзивецот Бејтулаи поради два жолти картони.

Потоа, со истиот резултат славеше и Македонија ЃП против Работнички. На стадионот Ѓорче Петров радост за „лавовите" донесе Да Силва со еден прекрасен погодок со надворешен „фелш" од околу 20-25 метри, а Божиновски можеше подобро да реагира.

-МОМЕНТ ОД НАТПРЕВАРОТ МАКЕДОНИЈА ЃП-РАБОТНИЧКИ (фото, Петр Стојановски)

Беласица го освои Кратово и е многу блиску до пласман во полуфиналето, струмичани славеа со 0:2 со погодоците на Сулев кој со глава го „лобува домашниот чувар на мрежата и Балдовалиев кој беше прецизен од пенал.

И на последниот меч екипата на Академија Пандев беше подобра од Кораби со 3:1, головите за „пандевци“ беа дело на Михаилов, Дориев и С. Пандев, а на спротивната страна стрелаше Муча. 

Куп на Македонија, четвртфинале

Први натпревари, резултати:

Академија Пандев-Кораби 3:1 
Македонија ЃП-Работнички 1:0 
Шкендија-Победа 0:1
Силекс-Беласица 0:2 

Реваншите се играат на 05.12.2018

Најново во Фудбал