ШКЕНДИЈА СО ПРЕДНОСТ, „ПАНДЕВЦИ“ СО ГОЛЕАДА СРЕДЕ ШТИП

Куп: Вардар го фаќа лавовска „треска“!!! (ФОТО)

Не така одамна, во текот на репрезентативните обврски, екипите на Вардар и Македонија ЃП одиграа пријателски меч. Тогаш „лавовите" изненадувачки триумфираа со 3:0, па очигледно тој резултат како да ги мотивираше уште еднаш да го шокираат фаворитот овојпат во првиот натпревар од осминафиналето во Купот на Македонија.

објавено: 19 септември 2018 - 17:35

Во новиот скопски дуел ѓорчепетровци најпрвин поведоа со 0:1, гол постигнат уште во првото полувреме. Вардарци не дозволија уште еднаш да бидат поразени, успеаја само да израмнат во текот на вториот дел.

Шкендија која е бранител на трофејот во ова натпреварување од минатата сезона, на домашен терен во Тетово пред реваншот си обезбеди позитива од 2:0 против второлигашот Кит-Го.

Сите дилеми околу победникот тетовските „црвено-црни" ги решија во првите 45. минути кога во мрежата на пехчевци стрелаа Емини и Имери.

Кризата во Пелистер освен во првенството, продолжува и на средбите од Купот. На дуелот во Битола славеше Беласица (0:2), резултат кој може да биде клучен за струмичани да се пласираат во следната фаза.

Фото: Петр Стојановски

На средбата во Гостивар славеше прилепска Победа, на мечот меѓу Скопје и Силекс, подобри беа играчите од Кратово (0:2), а Работнички го освои Кавадарци.

И на крајот Академија Пандев оствари триумф на гостувањето во Штип против Брегалница (2:6). Во победничките редови четири беа дело на Марио Крстовски, два на Томислав Илиев, а на спротивната страна по еден погодок запишаа Иве Трифуновски и Лазар Илијев.

КУП НА МАКЕДОНИЈА, 1/8 ФИНАЛЕ

ПРВИ НАТПРЕВАРИ

ДЕНЕСКА, РЕЗУЛТАТИ:

КАВАДАРЦИ: ТИКВЕШ - РАБОТНИЧКИ 0:1 (Петковски 77')
ГОСТИВАР: ГОСТИВАР - ПОБЕДА 1:2 (Зеќири 64'/Каланоски 48', Нгале 86')
СКОПЈЕ: ВАРДАР - МАКЕДОНИЈА ЃП 1:1 (Лира Соуза 72'/Кировски 13')
СКОПЈЕ: СКОПЈЕ - СИЛЕКС 0:2 (Алексовски 66', Јусуф 85')
ТЕТОВО: ШКЕНДИЈА - КИТ ГО 2:0 (Алими 22', Имери 24')
ШТИП: БРЕГАЛНИЦА - А. ПАНДЕВ 2:6 (Илијев 22', Трифуновски 58'/Крстовски 5', 12', 57', 68', Илиев 88', 90+3)
БИТОЛА: ПЕЛИСТЕР - БЕЛАСИЦА 0:2 (Сулев 18', Милушев 73')

КОРАБИ Е СЛОБОДЕН

Реванш мечевите ќе се играат на 03.10.2018 година.

Најново во Фудбал