ПОБЕДА НАЛЕТА НА АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

На повидок струмичко финале во Купот на Македонија!?

Денеска со ждрепка во просториите на ФФМ беа извлечени полуфиналните двојки во фудбалскиот Куп на Македонија за натпреварувачката сезона 2018/2019.

објавено: 7 декември 2018 - 13:31

Беласица ќе ги одмери силите против Македонија ЃП, а Академија Пандев за противник ја доби Победа која во четвртфиналето го елиминираше досегашниот бранител на куп титулата, Шкендија.

Првите натпревари се играат на 27. февруари 2019. година, реванш натпреварите се закажани за 10. април 2019. година.

Куп на Македонија (2018/2019)

Полуфинале, двојки:

БЕЛАСИЦА-МАКЕДОНИЈА ЃП

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ-ПОБЕДА

Најново во Фудбал