Работнички конечно победи

Најденов со еврогол донесе скопска романтика

Бојан Најденов со фантастичен гол од 30 метри во последните секунди му донесе победа на Работнички во локалното скопско дерби со Македонија Ѓорче Петров. Романтичарите ја прекинаа серијата од 4 меча без победа и славеа со 2:1

објавено: 15 октомври 2016 - 16:32

Бојан Најденов со фантастичен гол од 30 метри во последните секунди му донесе победа на Работнички во локалното скопско дерби со Македонија Ѓорче Петров. Романтичарите ја прекинаа серијата од 4 меча без победа и славеа со 2:1.

Во меч со многу нервоза и остри стартови, домаќините подобро се снајдоа и со пресврт стасаа до бодовите. Јашаровски и донесе предност на Македонија со гол во 23. минута.

Во продолжението имаше дури 10 жолти картони и еден црвен за Најдовски во второто полувреме, но Работнички сепак успеа да победи. Кире Маркоски потврди дека е расен голгетер и по погодоците за младата репрезентација, пак постигна гол и за својот клуб. За да не биде 1:1 се погрижи Бојан Најденов со страшен гол во 95. минута. Играчот на Работнички како од топ шутираше од 30 метри и го погоди аголот на противничкиот гол за голема радост на романтичарите.

 

Најново во Фудбал