Се е подготвено за големото финале

Ноќно возење на Шкендија во Струмица, Пелистер преку ден тренираше во Турново (ФОТО+ВИДЕО)

Актуелниот бранител на пехарот во националниот Куп на Македонија, Шкендија, со својата експедиција доцна вечерва пристигна во Струмица и утре од 17 часот ќе се обиде да ја сочува круната. Фудбалерите на Пелистер многу порано пристигнаа на лице место и дури имаа и тренинг во Турново, а нивната цел е конечно да слават во финале на Куп по пауза од 16 години

објавено: 16 мај 2017 - 21:09

Актуелниот бранител на пехарот во националниот Куп на Македонија, Шкендија, со својата експедиција доцна вечерва пристигна во Струмица и утре од 17 часот ќе се обиде да ја сочува круната. Фудбалерите на Пелистер многу порано пристигнаа на лице место и дури имаа и тренинг во Турново, а нивната цел е конечно да слават во финале на Куп по пауза од 16 години.

Двете екипи се подготвени за утрешниот меч закажан за 17 часот на стадионот „Младост“. И што е најинтересно и Шкендија и Пелистер имаат по еден трофеј во ова натпреварување во досегашните три финалиња.

Завршницата во Купот е круна на сезоната и за битолчани и за тетовци. Шкендија со триумф ќе ја спаси сезоната што ја почпна одлично со настапите во квалификациите за Лига Европа. таму стасаа на еден чекор од фазата по групи, но потоа ги фати криза и ја загубија трката за шампионската титула со Вардар во домашното првенство.

Пелистер со победа ќе си осигура излез во Европа, што е подвиг за битолчани, ако се знае дека во овој период, лани, беа второлигаши.

Најново во Фудбал