ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕД ФИНАЛЕТО НА КУПОТ

Османи: Во еден меч се е можно; Хусеин: Ќе се бориме до крај

Пелистер ја препушта фаворитската улога на противникот, а од Шкендија внимателни пред можноста да дојдат до првата двојна круна во историјата

објавено: 22 мај 2018 - 17:35

Денеска во Струмица беше одржана прес конференција на која што актерите на утрешното финале на Купот, ги искажаа своите очекувања од натпреварот кој што ќе се игра со почеток во 20 часот на стадионот „Младост". Лани Пелистер успеа сензационално преку пенали да го освои Купот, а сега Шкендија се надева на реванш и на двојна круна.

Еве што кажаа двата тренери и капитени пред финалето

ЌАТИП ОСМАНИ (ТРЕНЕР НА ШКЕНДИЈА)

„Не очекува финале на Куп, еден натпревар во кој што се е можно. Пресудни се многу работи како квалитетот, мотивацијата, подобрата форма. Не мора ништо да значи онаа победа во првенството пред неколку дена, ова ќе биде сосема друг натпревар"

 

НЕЏАТ ХУСЕИН (ТРЕНЕР НА ПЕЛИСТЕР)

„Големи фаворити се Шкендија тоа мора да го признаеме, таа улога ја покажаа во првенството пред неколку дена. Станува збор за една од најдобрите екипи во сите досегашни првенства. Нема да одиме со бело знаме, ќе се спротивставиме колку што можеме. Иако сме во тешка ситуација, ќе се бориме до крај".

 

ФЕРХАН ХАСАНИ (КАПИТЕН НА ШКЕНДИЈА)

„Мора сериозно да го сфатиме овој натпревар. Нашата цел се освојување на двете титули, и се надевам дека утре вечер ќе ја прославиме првата двојна титула во историјата на клубот".

 

БЛАГОЈЧЕ МАРКОСКИ (КАПИТЕН НА ПЕЛИСТЕР)

„Овој тим на Пелистер е различен во однос на лани. Ама ќе се бориме, ќе дадеме максимум да се справиме со големиот фаворит. Шкендија ја има таа улога, но ние ќе се обидеме да парираме, и на крај ако се пружи шанса да ја искористиме и да направиме изненадување"

Најново во Фудбал